За Нас

ТВ Емисија „Храна и Вино“

Телевизијската серија „Храна и Вино“ започна со емитување на 25.11.2022 година во Скопје, во Македонија (Северна Македонија) на Македонски јазик. Произведено од „Мед Фокус Продукција“ во сопствеништво на основачот, авторот, продуцентот и режисерот Војо Живојновиќ. Тема на серијата е кулинарството. Основна идеја на серијата е да претстави на гледачите секој работен ден по едно предјадење, главно јадење и десерт. Должината на една емисија е 25 минути. Првото емитување на оваа ТВ серија се случува на „Канал 5“, национална телевизија во Скопје, а набрзо ја превземаат и сите локални телевизија во Северна Македонија. (околу 15), кои ја емитуваа со 7 дена закаснување. Концептот на емисијата, од самиот почеток на снимањето, се придржуваше на одредбите на сите европски закони за радиодифузија, пред донесување на истиот закон во Македонија. Тоа значеше дека сите рекламни пораки беа сместени во блокови на почеток и крајот на емисијата, а во текот на припремата на рецептот немаше никаков „product placement“ односно никакво рекламирање. Емисијата нема водител, рецептите ги подготвуваат професионални готвачи, а постапката ја објаснува спикер. Ваков пристап му овозможува на гледачот постапката да ја следи од почеток до крај до најситни, дури и банални детали, така да и тие невешти или почетници во готвењето можат да го подготват јадењето. 

Емисијата доживеа незапомнета популарност и го подигна рејтингот на целовкупната телевизија за еден цел индексен поен, На почеток гледачите рецептите ги запишуваа, па имаше случаи каде што сосетки заедно ја гледаат емисијата, за да стигнат да го запишат целиот рецепт. По енормниот број на телефонски повици, бидејќи гледачите не стигаат да го напишат рецептот, мораше да се отстапи од одредени телевизиски правила во оглед на должината на кадровите. Но, ни тоа не помогна, па екипата на „Мед Фокус Продукција“ беше принудена да ги отстапи текстовите од емисијата во октомври 2003 на дневникот „Нова Македонија“. Тоа набрзо доведе до тоа тој дневник да биде најпродаван во тоа време во Македонија.

Списание „Храна и Вино“

Кон крајот на јануари 2004 година „Мед Фокус Продукција“ донесува одлука са основање на сопствено списание со името на емисијата „Храна и Вино“. Истовремено продукцијата го заштитува името во Македонија, бидејќи се појавуваа диви продавачи, кои продавале разни тенџериња, претставувајќи се дека се од „Храна и Вино“. Бидејќи ни една штампарија во тоа време не дадоа адекватна понуда за штапање, за да малопродајната цена биде околу 30 денари, екипата донесува одлука првиот број да биде одштампан во црно-бела хартија, а насловната страна да биде во сјајна хартија. За таква одлула, допринесе и фактот што никој не знаеше, нити можеше да претпостави во колкав тираж треба да се печати списанието. Во тоа време напродаван беше политичкиот неделник „Фокус“ кој во зависност од темата се печатеше од 5-7.000 примероци. Не сфаќајки колкава популарност има емисијата, продукцијата носи одлука да печати прв број во тираж од 15.000 примероци, за да не се „посрамотиме“. Во тек на целиот февруари 2004 година, во емисијата на телевизија е објавувано дека првиот број на списанието „Храна и Вино“ ќе излезе на 01. Март. И списанието вистина излезе на 01. Март и целовкупниот тираж беше распродаден до 09:00 часот истиот ден. Соочени со енормен број телефонски повици, екипата беше принудена да објави на телевизија дека повторно ќе го печати списанието и дека по повторното излегување на истиот ќе ги извести гледачите. Така да екипата повторно се најде во дилема колку да одпечати? Одлуваат да „ризикуваат“ и да одпечатат уште 10.000 примероци…и тој тираж беше распродаден до 09:00 наутро на денот на излегувањето.

Како се ширеше веста за побарувачката, така таа стигна и до сопствениците на печатниците во Македонија. Сега сите сакаа да го печатат „Храна и Вино“ во боја и сите даваа адекватна понуда. Така да печатењето на вториот број беше доверено на печатницата „Графички Центар“ од Скопје. Бидејќи сопственикот на печатницата само слушнал дека списанието добро се продава и немаше идеа за колкав тираж се работи, на прашањето колку да го печатат вториот број, следеше одговорот: 42.000! Околу 30 секунди следеше молк и запрепастување. Секако дека ни тоа не беше доволно и тиражот растеше до осмиот број, односно до октомври 2004 година кога е одштампано 70.000 примероци, а останато непродадено само 2%. Ни тоа не е вистински показател за потенцијалот на продажбата, бидејќи се до 10% реминтенда се смета дека пазарот не бил доволно покриен. Колкава беше популарноста на списанието можеби најдобро говори податокот дека во малото место во централна Македонија „Лозово“, кое брои 74 домаќинства, купувало 74 списанија кои никогаш не биле изложени за продажба, бидејќи секој примерот бил продаван однапред.

„Храна и Вино“ на српски јазик

Бидејќи концептот на емисијата овозможува серијата да се емитува на било кој јазик, 2006 година дојде до соработка помеѓу „Мед Фокус Продукција“ со „Шкорпион Продукција“ од Нови Сад во Р. Србија. Они работа на преведување од македонски јазик на српски, синхронизација и графичка обработка. Со емитување на серијата „Храна и Вино“ на српски јазик почна на 01. Април 2006 година на тогашната Белградска телевизија „АРТ“ и на околу 50 локални и регионални телевизии во Србија. Во Црна Гора серијата ја емитуваше Подгоричката телевизија со национална концесија „МБЦ“ и неколку локални телевизии, а во Босна и Херцеговина серијата се емитувала на националната телевизија „РТРС“  исто така на неколку локални телевизии. Излезот на списанието на српски јазик, кој истовремено би требало да се појави во сите 3 држави, беше предвиден за 01. Ноември 2006 година.

Серијата доживува, како и во Македонија, ненормална популарност. Колкава беше таа популарност најдобро покажува податокот дека на „РТРС“ остварува шер од 32. Додека, за споредба легендарната посета на Владимир Путин во Србија на 16. Октомври 2014 на РТС остварува шер од 26!

Популарноста на серијата на српското говорно подрачје, исто како и во Македонија, допринесе на ненормална продажба на списанието, така да четвртиот број на списанието е одпечатен во 600.000 примероци, што е балкански рекорд. Колку е тоа, кажува податокот дека во тоа време „Chicago Tribune“ печати 550.000 примероци. На почеток на излегувањето на списанието, 01. Ноември 2006 повторно не е погоден потребниот тираж, бидејќи беше почнато со 300.000 примероци, што не беше ни блиску до доволно. Потоа се допечатуваше, се менуваа печатници, и на крај се дојде до тоа да списанието мора да се даде на печатење до 15-ти во месецот, за да може да се појави во малопродажба на 01-ви следниот месец. Интересни беа ситуациите во Босна и Херцеговина, каде што тамошната полиција се појавила на врата на сопственикот на дистрибутерската куќа во 22:00 навечер. Тогаш полицаецот со изненадување рекол: „Јас без списанието не смеам да се вратам дома, па ти види што ќе правиш!“. Потоа, бидејќи цело време недостасуваше списанието на пазарот, на трафиките над отворот беа лепени натписи „НЕМАМЕ ХРАНА И ВИНО“.

По ист рецепт и со ист ефект „Храна и Вино“ се емитуваше во Словенија на словеначки јазик, во Албанија и на Косово на албански јазик и во Хрватска на хрватски јазик. Снимањето на серијата траеше до март 2016 година и снимено е преку 8.500 рецепти. Списанието во 2020 година излегува само уште во Хрватска, бидејќи таа последна се приклучи во проектот.