- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во длабок сад кршиме 4 јајца. Додаваме 4 лажици шеќер и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме брашното и прашокот за печиво, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 15 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ги ставаме млекото и преостанатиот шеќер да зовријат. Во длабок сад го ставаме желатинот, додаваме 120 мл вода и оставаме да набабри. Со миксер го матиме набабрениот желатин, постепено го додаваме врелото млеко и матиме додека смесата не ја добие потребната густина. Преостанатите 2 јајца ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Една по една во садот ги додаваме жолчките и матиме додека смесата не се соедини.
- Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната црстина. Ја додаваме претходно подготвената смеса со желатин и матиме додека филот не се соедини. Бананата, јаболкото, крушата, портокалот и кивито ги лупиме, ги сечкаме на ситни коцки и ги ставаме во длабок сад. Лимонот го цедиме во цедалка и со сокот го преливаме овошјето. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја отстрануваме хартијата. Со калап вадиме тркалезна форма и ја ставаме во калап за печење.
- Од преостанатиот пандишпан со калап вадиме форми на елки. Исправени ги редиме по страничниот дел на калапот. Во калапот нанесуваме половина од филот. Врз него го нанесуваме исечканото овошје и прекриваме со преостанатиот фил. Декорираме со една елка од пандишпан на средината на тортата и го ставаме калапот во фрижидер.
- Откако тортата ќе се излади го вадиме калапот од фрижидер. Ја вадиме тортата од калапот и ја ставаме на чинија за торта. По крајот на горната површина на тортата наросуваме ситни чоколадни бонбони.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.