kokos-salama

Кокос Салама

Одличен десерт за само 20 минути!

Потребно е:

– 100 гр кокосово брашно
– 3 лажици какао
– 35 лажици мелени бисквити
– 125 гр маргарин
– 20 лажици шеќер
– 4 филџани вода

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ставаме 3 филџани вода и 15 лажици шеќер и промешуваме за шеќерот побрзо да се растопи.
  2. Во друго тенџере на оган ставаме 5 лажици вода, 5 лажици шеќер и 125 гр. маргарин. Мешаме во двете тенџериња за побрзо да се растопат состојките.
  3. Во второто тенџере додаваме 100 гр. кокосово брашно и промешуваме.
  4. Во првото тенџере додаваме 3 лажици какао и мешајќи додаваме 35 лажици мелени бисквити. Мешаме додека смесата не се изедначи, па двете тенџериња ги тргаме од оган.
  5. Со раце земаме од црната смеса и формираме поголеми топки. Потоа на алуминиумска фолија намрснета со масло за јадење наросуваме шеќер. Целата црна смеса ја плескаме на фолијата. Врз неа ја редиме белата смеса и заедно ги виткаме во ролат. Ролатот го завиткуваме во алуминиумската фолија и го ставаме во замрзнувач да се стегне.
  6. Откако саламата ќе се стегне ја отстрануваме фолијата и со остар нож сечеме парчиња со дебелина од 1 сантиметар. Парчињата салама од кокос скалесто ги редиме на чинија за послужување.

 

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: