- Во сад за матење ги ставаме локумот, шеќерот во прав и кокосовото брашно.
- Лимонот го цедиме во цедалка. Постепено додаваме од лимоновиот сок во садот и ја месиме смесата со рака. Откако ќе се соедини формираме топчиња со големина на орев.
- На крупната страна од рендето ја рендаме чоколадата и ги свалкуваме бомбиците. На чинија за сервирање ставаме пет Црно – бели бомбици.
- Декорираме со парче чоколада и црвен овошен прелив. Со цедалка ги наросуваме бомбиците со шеќер во прав.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.
Добар апетит.