Elka-torta

Елка Торта

За нова година таман! :)

Потребно е:

• 400 г пишкоти
• 400 г пире од костени
• 200 г чоколада за готвење
• 200 мл слатка павлака
• 150 г шеќер
• 100 мл топло млеко
• 50 г мелени ореви
• 50 г путер
• 1 банана
• 1 ванилин шеќер
• 5 лажици вода

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Откако шербетот ќе зовие го тргаме тенџерето од оган.
  2. Во сад за матење со миксер ги матиме слатката павлака и ванилиниот шеќер додека павлаката не ја добие потребната цврстина. Го додаваме топлиот шербет и матиме додека смесата не се соедини. Ги додаваме пирето од костени и оревите. На крупната страна од рендето во садот ја рендаме чоколадата и матиме додека филот не се соедини.
  3. Чинијата за торта ја намрсуваме со путерот. На чинијата ставаме обрач од тркалезен калап бр 26. Пишкотите ги потопуваме во топлото млеко и ги редиме во обрачот на чинијата. И ѕидот на обрачот го обложуваме со пишкоти. Потоа го нанесуваме филот и оставаме да се стегне.
  4. Бананата ја лупиме, ја сечеме на тенки кругови и ги нанесуваме врз филот. Со слаткарска кеса со точиња претходно изматен шлаг ја украсуваме горната површина на тортата. Го отстрануваме обрачот од чинијата. Страничниот дел од тортата го декорираме со елки од фондан.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: