Prasecki-but-na-crvena-zelka-za-web

Прасечки Бут На Црвена Зелка

Превкусно! Видете само како изгледа!

Потребно е:

• 1 заден прасечки бут од 2 кг
• 1 главица црвена зелка од 1,5 кг
• 600 г јаболка
• 300 г кромид
• 100 мл бело вино
• 50 г путер
• 1 лимон
• 6 конзервирани феферонки
• 4 чешниња лук
• 2 гранчиња рузмарин
• 4 лажици вински оцет
• 2 лаж. мешан зачин К+
• 1 кафена лажица сува мајчина душичка
• 1 лажица шеќер
• 1 кафена лажица сув мајоран
• масло за јадење
• Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Прасечкиот бут го засекуваме на повеќе места. Го посолуваме од двете страни и го наросуваме со 1 лажица мешан зачин К+. Листовите рузмарин ги кинеме од гранчињата и ги ставаме во засеците на бутот. Додаваме од мајчината душичка и мајоранот. Наросуваме со мелен црн пипер и ги втриваме зачините во бутот.
  2. Го ставаме во тава за печење, го попрскуваме со масло и додаваме 400 мл вода. Една главица кромид сечкаме на резанки, а чешнињата лук на парчиња и ги додаваме во тавата. На феферонките им ги отсекуваме рачките, па и нив ги додаваме во тавата. Го додаваме виното, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 90 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. На главицата зелка и го отстрануваме кочанот и ја сечкаме на тенки резанки. Ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган и го додаваме путерот. Преостанатите 2 главици кромид ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето. Јаболката ги лупиме, ги сечкаме на кришки и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот зеленчук. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме преостанатиот мешан зачин, шеќерот и оцетот. Лимонот го цедиме во цедалка и го додаваме сокот во тенџерето. Додаваме 150 мл вода и динстаме 30-тина минути.
  4. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула. На чинијата сервираме од црвената зелка и врз неа го сервираме прасечкиот бут.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: