- Зајакот и зајачкиот дроб ги сечеме на парчиња. Ги посолуваме и ги ставаме во длабок сад.
- Ги додаваме ловоровите листови и виното. Едно чешне лук гмечиме со нож и го додаваме во садот. Го покриваме садот со најлонска фолија и го ставаме да отстои една ноќ во фрижидер.
- Парчињата зајак ги вадиме од маринадата и ги сушиме со хартија.
- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Во тенџерето со омекнатиот кромид ги додаваме парчињата зајак. Преостанатото чешне лук ситно го сечкме и го додаваме во тенџерето.
- Откако парчињата зајак ќе се запржат од двете страни ги додаваме конзервираните домати, доматниот сос, маринадата и жолтиот шеќер. Компирите ги сечкаме на покрупни парчиња и ги додаваме во тенџерето. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Откако содржината во тенџерето ќе зоврие ја ставаме во керамичко грне и го покриваме со капак. Го ставаме грнето во рерна. Печеме 3 часа на 180 степени и го вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме од Паприкашот од зајак на малтешки начин.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит