Bela-pileska-corba-(4)

Бела Пилешка Чорба

Превкусна чорба одлична за почеток на ручекот.

Потребно е:

– 1 пиле
– 200 г лупени компири
– 150 г моркови
– 100 г кромид
– 100 г корен од целер
– 100 мл неутрална павлака
– 250 мл млеко
– 2 јајца
– 2 лажици брашно
– 2 лажици кајмак
– 2 гранчиња целер
– 1 ½ лажица мешан зачин К+
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовирена вода на оган го ставаме пилето и го додаваме мешаниот зачин К+.
  2. По 10-тина минути варење коренот од целер и компирите ги сечкаме на коцки, а морковите на кругови и ги додаваме во тенџерето. Главицата кромид ја сечкаме на кругови и ги печеме во тава за пржење на оган. И нив ги додаваме во тенџерето и вариме уште 40-тина минути.
  3. Го вадиме свареното пиле од тенџерето, и му ги отстрануваме кожата и коските. Месото ситно го сечкаме и го враќаме во супата во тенџерето. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
  4. Во длабок сад ги ставаме брашното, млекото и 70 мл од киселата павлака. Мешаме со жица и го додаваме размешаното брашно во тенџерето. Откако чорбата ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
  5. Во длабока чинија ги кршиме јајцата и ги матиме со жица. Ги додаваме кајмакот и преостанатата павлака, и мешаме со жицата додека не се соединат. Листовите целер ситно ги сечкаме и ги додаваме во чинијата. Потоа непрекинато мешајќи со жицата ги додаваме размешаните јајца во тенџерето.
  6. Белата пилешка чорба ја сервираме во чорбалак и декорираме со гранчиња магдонос.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *