Parena-banica-(4)

Парена Баница

Супер!

Потребно е:

1 кг брашно
– 900 мл вода
– 700 г урда
– масло за јадење
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Брашното во длабок сад го посолуваме. Постепено додаваме 500 мл вода и со рака замесуваме тесто. Продолжуваме да го месиме тестото на набрашнета работна маса додека не стане мазно. Го сечеме на 6 еднакви делови. На набрашнета работна маса од секое парче тесто формираме топка.
  2. Од првата топка тесто со сукалка развлекуваме кора. Со готварска четка ја премачкуваме со масло и на кората нанесуваме урда. Од двете страни ја преклопуваме кората кон средината. Потоа ја свиткуваме на половина, формирајќи правоаголник. Ја набираме филуваната и преклопена кора, и ја ставаме во тава од рерна, намрсена со масло.
  3. На истиот начин ги подготвуваме сите кори и ги редиме во тавата. Ја попрскуваме баницата со масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Во тенџере на оган ги ставаме преостанатите 400 мл вода и посолуваме. Додаваме 70 мл масло и откако содржината ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
  4. Со црпалка со врелата вода со масло ја преливаме баницата. Ја враќаме тавата во рерна. Печеме уште 10 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Откако малку ќе се изладат парчињата баница дијагонално ги сечеме на половина.
  5. На чинија за сервирање скалесто редиме од триаголниците Парена баница. Декорираме со еден лист марула наполнет со кисела павлака.

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: