Taljateli-so-morski-plodovi-za-web

Таљатели Со Морски Плодови

Совршен ручек за само 20 минути!

Потребно е:

• 400 г одмрзнати морски плодови
• 300 г таљатели
• 1 врзоп млад кромид
• 3 чешниња лук
• 2 инчуна
• 100 мл бело вино
• 50 г путер
• француски магдонос
• 2 лажици доматно пире
• 1 лажица мешан зачин К+
• масло за јадење
• Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во вок тава на оган го ставаме путерот да се растопи и додаваме масло. Чешнињата лук ги сечкаме на парчиња и кратко ги запржуваме на загреаната мрснотија.
  2. Младиот кромид го сечкаме на кругови и го додаваме во тавата. Во тавата со запржениот кромид ги додаваме морските плодови. Откако и тие ќе се запржат го налеваме виното. Инчуните ги сечкаме на парчиња, а магдоносот ситно го сечкаме, и ги додаваме во тавата. Го додаваме доматното пире, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме мешаниот зачин К+ и динстаме 10-тина минути.
  3. Во тенџере со зовриена вода на оган ги вариме таљателите и ги цедиме во цедалка. Ги додаваме во тавата и откако ќе го впијат вкусот на сосот ја тргаме тавата од оган.
  4. На чинија за сервирање ставаме од Таљателите со морски плодови и декорираме со гранчиња француски магдонос.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: