Torta-so-afion-za-web

Торта Со Афион

Многу вкусен колач кој брзо се прави!

Потребно е:

• 2 јајца
• 400 г шеќер
• 400 мл млеко
• 350 г брашно
• 200 мл масло за јадење
• 100 г афион
• 1 прашок за печиво
• 1 ванилин шеќер

Подготовка:

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Матиме со миксер и постепено го додаваме шеќерот. Откако ќе се растопи ги додаваме маслото, млекото, афионот, брашното, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво.
  2. Откако смесата ќе се соедини ја ставаме во со масло намрсена и набрашнета тркалезна тава бр 28. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 180 од степени и ја вадиме од рерна.
  3. Изладената торта ја сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Торта со афион. Декорираме со претходно растопена чоколада и бели чоколадни бонбони.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: