Vanilici-so-djem-za-web

Ванилици Со Џем

За тие што не знаат! :)

Потребно е:

• 500 г брашно
• 200 г маргарин
• 100 мл кисела павлакаm
• 1 лимон
• 2 јајца
• 200 г шеќер
• 1 ванилин шеќер
• 150 г џем од кајсии

Подготовка:

  1. Во сад со брашно додаваме јајца, шеќер, ванилин шеќер, кисела павлака и маргарин. Потоа во друг сад сино рендаме кора од лимун. Половина од лимунот го цедима низ цедилка и сокот го додаваме во садот. Состојките ги мешаме со раце се додека не се соединат во тесто.
  2. На побрашнета работна површина од тестото со сукало ја развлекуваме кората. Од кората со калап вадиме форми. На половина од формите, со помал калап ги вадиме средините. Двете форми ги редиме на тава за печење обложена со хартија. Тавата је ставаме во рерна, печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  3. На првата испечена форма без вдлабатина со мала лажица ставаме од џемот. На џемот ја ставаме формата со вдлабнувањето. На ист начин ги припремаме сите ванилици и ги редиме на чинија за сервирање. Ванилиците со џем ги декорираме со две гранчиња мента.

Со овој десерт предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Како за крај предлагаме да се напиете филџан црно кафе.

Пријатно.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: