Dvojno-peceni-kompiri

Двојно Печени Компири

Сигурни сме дека на компири испечени во рерна не би им нашле мана и кога би Ви ги сервирале само такви. Овие, пак, наполнети со сечкана сланина и Ајдамер, и крем сирење одлични се и како предјадење, лесна вечера или како додаток на било кој вид месо

Потребно е:

– 1 кг средни компири
– 150 г ленти чадена сланина
– 150 г крем сирење
– 100 г ленти Ајдамер
– 100 г путер
– 1 лажица мешан зачин К+
– Хималајска сол

Подготовка:

  1. Лентите сланина и Ајдамер ги сечкаме на ситни коцки, и ги ставаме во длабок сад. Го додаваме крем сирењето и го мешаме филот со лажица. Измиените компири со виљушка ги боцкаме на по неколку места и ги ставаме во тава за печење. Посолуваме и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  2. Подизладените компири ги вадиме од тавата и ги сечеме на половина по должина. На половинките компири им ги отсекуваме заоблените делови, за да добиеме рамни површини. Ги длабиме за полнење и ги наросуваме со мешаниот зачин К+. Потоа ги полниме со подготвениот фил и ги редиме половинките компири во тава за печење.
  3. Во тенџере на оган го топиме путерот и ги преливаме половинките полнети компири. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 10 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Н
  4. а чинија за сервирање редиме од Двојно печените компири. Декорираме со мешавина од ситно сечкан магдонос и црвена пиперка.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *