- Во тенџере со зовриена вода на оган го ставаме чаденото месо.
- Морковите, и корените од целер и пашканат ги сечкаме на ситни коцки, и ги додаваме во тенџерето. Главицата кромид покрупно ја сечкаме, па и неа ја додаваме во тенџерето. Посолуваме и вариме 1 час.
- Го вадиме свареното месо од тенџерето и го сечкаме на ситни коцки.
- Брашното го размешуваме со киселата павлака и го додаваме во тенџерето на оган. Ги додаваме неутралната павлака, ренданиот рен, виното и коцките чадено месо. Магдоносот ситно го сечкаме, го додаваме во чорбата и вариме 20 минути.
- На чинија за сервирање ставаме од Чорбата со чадено свинско месо. Декорираме со гранче француски магдонос и наросуваме мелен црн пипер.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино.
Добар апетит.