- Мармаладот го додаваме во садот со оревите, го мешаме филот со лажица и ги полниме урмите.
- Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган.
- Со лажицата секоја полнета урма ја преливаме со растопена чоколада и ја ставаме на алуминиумска фолија. Оставаме чоколадата да се излади и да се стегне.
- Во сад за матење ги ставаме шеќерот во прав, кокосовото брашно и локумот, и месиме со рака додека смесата не се соедини. Ја ставаме на работна маса, намрсена со масло. Со сукалка развлекуваме кора и ја сечеме на квадрати со големина од 5-6 см. На првиот квадрат ставаме една чоколадирана урма. Два дијагонални краја на квадратот соединуваме на средината на колачот. На истиот начин ги формираме сите колачи.
- На средината на чинија за сервирање ставаме четири колачи. Од двете страни на чинијата редиме чоколадирани урми. Посните декоративни колачи ги декорираме со по едно парче чоколада.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.