Posna-torta-so-jabolka5

Посна Торта Со Јаболка

Посна но не помалку вкусна торта!

Потребно е:

– 180 г брашно
– 150 г шеќер
– 150 мл вода
– 150 мл масло за јадење
– 150 г сечкани ореви
– 50 г суво грозје
– 50 г маргарин
– 2 јаболка
– 1 лимон
– 2 лажици мармалад од јагоди
– 1 кафена лажица сода бикарбона

Подготовка:

  1. Во тенџере на оган ја ставаме водата. Откако ќе се загрее го тргаме тенџерето од оган и ја ставаме водата во длабок сад.
  2. Ги додаваме шеќерот, маслото, сечканите ореви, сувото грозје, мармаладот, брашното и содата бикарбона, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. На крупната страна од рендето во садот рендаме едно јаболко и промешуваме.
  3. Ја нанесуваме смесата во тркалезен калап бр 26, намрсен со маргаринот. Го ставаме во рерна. Печеме 40 минути на 170 степени и го вадиме калапот од рерна.
  4. Изладената торта ја вадиме од калапот и ја ставаме на чинија за торта. Преостанатото јаболко го сечкаме на тенки полукругови и ги ставаме во длабок сад. Лимонот го цедиме во цедалка и со сокот ги преливаме полукруговите јаболко. Потоа во форма на цвет ги редиме на средината на тортата. Наместо толчник на средината на цветот ставаме неколку вишни од компот без семки. Со цедалка Посната торта со јаболка ја наросуваме со шеќер во прав.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: