posna-grcka-baklava

Посна Грчка Баклава

Посна класика!

Потребно е:

– 1 кг кори за баклава
– 200 г мелени ореви
– 10 лажици шеќер
– 100 мл вода
– 4 лажици гриз
– 1 лажица какао
– 1 лимон
– масло за јадење
ЗА ШЕРБЕТ
– 2 ½ кг шеќер
– 2 ½ литри вода

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Вариме 10 минути, го тргаме тенџерето од оган и оставаме шербетот да се излади.
  2. Во тенџере на оган ги ставаме водата и шеќерот. Лимонот го сечеме на кругови и ги додаваме во зовриениот шербет. Откако шербетот ќе го впие вкусот на лимонот го тргаме тенџерето од оган. Ги вадиме круговите лимон од тенџерето и ги ставаме на чинија.
  3. Потоа во тенџерето ги додаваме гризот, какаото и мелените ореви, и го промешуваме филот со лажица.
  4. Првата кора ја попрскуваме со масло, ја преклопуваме на половина и повторно попрскуваме со масло. Уште ја преклопуваме кората на половина за да добиеме лента. На едниот крај на лентата нанесуваме 1 лажица од подготвениот фил и формираме триаголник.
  5. Го ставаме во правоаголна тава за печење, намрсена со масло. На истиот начин ги формираме сите триаголници, ги редиме во тавата и ги попрскуваме со масло. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30-тина минути на 200 степени или додека баклавата не порумени и ја вадиме од рерна.
  6. Топлата баклава ја преливаме со изладениот шербет и оставаме да го впие. На чинија за сервирање ставаме две парчиња Посна грчка баклава. Декорираме со круговите лимон кои се вареа во шербетот.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: