- Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме мелените ореви и брашното, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
- Ја нанесуваме во два тркалезни калапа бр 26, обложени со хартија. Ги ставаме калапите во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ги вадиме од рерна. Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 600 мл млеко и го додаваме шеќерот. Брашното и преостанатите 400 мл млеко ги додаваме во садот со жолчките, и мешаме со жица.
- Потоа непрекинато мешајќи со жицата ги додаваме размешаните жолчки во зовриеното млеко во тенџерето на оган. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Половина од кремот ставаме во друг длабок сад. Чоколадата за готвење ја кршиме на парчиња, ја додаваме во садот и мешаме со лажица додека не се растопи. Оставаме двата крема да се изладат.
- Во сад за матење го ставаме путерот и матиме со миксер додека не стане пенест. Половина од изматениот путер додаваме во садот со изладениот крем со чоколада. Матиме со миксерот додека кафениот фил не се соедини. Преостанатиот изматен путер го додаваме во садот со изладениот жолт крем. Матиме со миксерот додека и овој фил не се соедини.
- Сириус чоколадите ги сечкаме на парчиња. Ги додаваме во садот со жолтиот фил и промешуваме со лажица. Изладените пандишпани ги вадиме од калапите и им ги отстрануваме хартиите. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и го премачкуваме со жолтиот фил. Врз филот го ставаме вториот пандишпан и целата торта ја премачкуваме со кафен фил.
- Преостанатиот кафен фил го ставаме во слаткарска кеса и ги украсуваме крајот на горната површина и страничниот дел на тортата. Декорираме со неколку бели шеќерни цветови на кафени шеќерни гранки.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.