- Кршиме 6 јајца и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките во длабок сад на страна. Ги матиме белките со миксер. Додаваме 8 лажици шеќер и матиме со миксерот додека не се растопи.
- Потоа ги додаваме кокосовото брашно и 2 лажици брашно, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Првата обланда со мазната страна надолу ја ставаме на превртена тава за печење. Ја премачкуваме со подготвената смеса. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- Преостанатите 6 јајца ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги додаваме во садот на страна со претходно оставените 6 жолчки. Ги матиме белките со миксер. Додаваме 8 лажици шеќер и матиме со миксерот додека не се растопи. Ги додаваме мелените ореви и преостанатите 2 лажици брашно. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме на втората обланда, со мазната страна надолу ставена на превртена тава за печење. И оваа тава ја ставаме во рерна.
- Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна. Садот со жолчките го ставаме на пареа. Го додаваме преостанатиот шеќер и матиме со миксер додека не се растопи. На парчиња кршиме 100 г чоколада за готвење и ја додаваме во садот. Матиме со миксерот додека и чоколадата не се растопи. Го тргаме садот од оган и оставаме кремот да се излади. Во длабок сад со миксер го матиме маргаринот додека не стане пенест.
- Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладената обланда со испечената смеса со кокосово брашно ја вадиме од тавата и ја ставаме на послужавник. Ја премачкуваме со филот. Врз него ја нанесуваме обландата со смесата со мелени ореви, со испечената смеса надолу. Го ставаме послужавникот во фрижидер. Откако ќе се изладат ги вадиме обландите од фрижидер и ги сечеме на коцки.
- Преостанатите 200 г чоколада ги кршиме на парчиња и ги ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го тргаме тенџерето од оган. На чинија за сервирање редиме неколку парчиња Печени обланди. Со лажица обландите и чинијата ги декорираме со растопена чоколада.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.