- Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Кршиме 2 јајца, белките ги ставаме во сад за матење, а жолчките ги оставаме во сад на страна. Преостанатите 3 јајца ги кршиме, ги додаваме во садот со белките и матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи.
- Потоа ги додаваме мелените ореви, брашното и какаото, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
- Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ги ставаме вареното кафе, преостанатите 2 жолчки, шеќерот, брашното и ванилиниот шеќер, и мешаме со жица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека филот не се соедини.
- Изладениот пандишпан го вадиме од тавата. Му ја отстрануваме хартијата и го сечеме на 3 еднакви ленти по широчина. На лентите им ги отстекуваме краевите. Првата лента пандишпан ја ставаме на послужавник и ја премачкуваме со фил. Врз филот ја ставаме втората лента и ја филуваме. Прекриваме со третата лента пандишпан. Откако ќе се излади го сечеме колачот на коцки.
- Почнуваме со подготовка на преливот. Во садот со шеќерот во прав ги додаваме вареното инстант кафе, водата и лимоновиот сок. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Со лажицата од преливот нанесуваме на коцките.
- Ги украсуваме со крупно рендана чоколада за готвење. Неколку Микадо коцки ставаме на чинија за сервирање и декорираме со два зелени шеќерни листа.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.