- Тиквичките ги сечеме на тенки ленти по должина. Пилешките гради ги сечеме на тенки шницли и ги наросуваме со сол и црн пипер. Потоа ги толчиме со чук и ги ставаме на чинија.
- Во длабок сад кршиме 4 јајца, ги посолува и наросуваме црн пипер. Додаваме мешавина од зачини и ги матиме со жица за матење. Пилшките шницло прво ги побрашнуваме, потоа го валкаме во изматените јајца. Ги ставаме да се испржат на загреано масло на шпорет. Ги свртуваме за време на пржењето. Кога ќе се испржат од двете страни ги ставаме на чинија.
- И лентите тиквички ги побрашнуваме, ги валкаме во изматените јајца. Ги пржиме на преостанатото масло. Ги вртиме за време на пржењето и ги ставаме лентите на друга чинија.
- Дното на керамички сад го прекриваме со похованите ленти тиквички. На нив ги редиме похуваните пилешки шницли. Прекриваме со останатите ленти од тиквички.
- Во длабок сад ги кршиме преостанатите 3 јајца. Посолуваме, додаваме зачин, па кисела павлака и наливаме со млеко. Мешаме со жица са матење додека смесата не се соедини. Со црпалка ја преливаме мусаката со смесата. Садот го ставаме во рерна и печеме 30 минути на 180 степени. Садот со испечената мусака го вадиме од печката.
- На средина на чинија за сервирање нанесуваме измешана павлака. мусаката ја сечеме на коцки. Едно парче сервираме на павлаката. Декорираме со гранчиња магданос.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит