Polneti-smokvi-za-web

Полнети Смокви

Супер брзи и вкусни мали топчиња од смокви и ореви.

Потребно е:

• 500 г мелени бисквити
• 300 г шеќер
• 250 г путер
• 200 г суви смокви
• 100 г јатки ореви
• 50 г чоколада за готвење
• 16 лажици вода

Подготовка:

  1. Смоквите ги преливаме со врела вода и оставаме да омекнат.
  2. Во тенџере на оган ги ставаме 16-те лажици вода, шеќерот и путерот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Откако состојките ќе се растопат ја додаваме содржината од тенџерето во садот со бисквитите. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  3. Омекнатите смокви ги цедиме во цедалка. Со прсти ги отвораме смоквите и ги полниме со јатки ореви.
  4. Од подизладената смеса расплескуваме на едната рака. На средината ставаме една полнета смоква. Ја облепуваме со смесата, формирајќи топка. На истиот начин ги формираме сите топки и оставаме да се изладат.
  5. Потоа ги сечеме топките на половина. На чинија за сервирање ставаме две половинки Полнети смокви, и декорираме со сини и бели шеќерни снегулки.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: