Pikantno-Junesko-za-web

Пикантно Јунешко

Внимавајте, пикантното го отвара апетитот!

Потребно е:

• 1 кг јунешка кртина
• 1 мала лажица сува жалфија
• магдонос
• 3 гранчиња рузмарин
• 1 телешка коцка за супа
• 200 мл бело вино
• 100 гр брашно
• 4 ловорови листови
• 100 мл црвено вино
• 6 лажици јаболков оцет
• 2 чешниња лук
• 10 каранфилчиња
• 1 лажица зачин К+
• 2 суви чили пиперки
• масло за јадење
• сол и мелен црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода ставаме коцка супа да се вари.
  2. Месото од двете страни го посолуваме, наросуваме со црн пипер, брашно и го пржиме на загреано масло во друго тенџере на шпорет. Кога ќе порумени од двете страни го тргаме од тенџерето и го ставаме на чинија.
  3. Чешнињата лук ги сечкаме на парќиња и ги пропржуваме на преостанатото масло во тенџерето на шпоретот. Листовите рузмарин ги кинеме на гранчиња и ги додаваме во тенџерето. Додаваме бело и црвено вино, оцет, жалфија, ловорови листови, каранфилчињата и зачинот. Чили пиперките и магдоносот ситно ги сечкаме и ги додаваме во тенџерето. Додавама од супата од коцка и го враќаме месото во тенџерето. Посолуваме, наросуваме црн пипер и вариме ½ час. Кога месото ќе омекне го тргаме тенџерето од шпоретот. Месото го вадиме од тенџерето и го сечеме на парчиња.
  4. На чинија за сервирање ставиме парчиња од претходно издинстаните зеленчуци. На нив сервираме две парчиња пикантно јунешко и ги преливаме со сосот од тенџерето.

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: