- Во тенџере со посолена зовриена вода на оган го вариме оризот и го цедиме во цедалка.
- Главиците кромид ситно ги сечкаме и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Шампињоните ги сечкаме на листови и ги додаваме во тавата со омекнатиот кромид. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Во тавата со испржените шампињони ги додаваме пилешкиот дроб и срцата. Откако ќе се испржат ситно го сечкаме магдоносот, го додаваме во тавата и го промешуваме филот.
- Во керамичка тава намрсена со масло ставаме половина од исцедениот ориз. Врз него го нанесуваме филот од пилешки дроб и шампињони. Прекриваме со преостанатиот ориз и попрскуваме со масло за јадење. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 30 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање ставаме од Селската мусака. Декорираме со еден круг домат и гранче магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.