Svajcarska-Musaka-za-web

Швајцарска Мусака

Директно од Цирих!

Потребно е:

•400 г одмрзнат грашок
•250 г ленти печеница
•200 г ленти гауда
•100 мл кисела павлака
•3 варени лупени јајца
•магдонос
•2 лажици лебни трошки
•1 лажица мешан зачин К+
•100 г путер
•Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со посолена зовриена вода на оган го вариме грашокот и го цедиме во цедалка.
  2. Половина од исцедениот грашок ставаме во керамичка тава намрсена со 40 г путер. Лените печеница ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња и половина нанесуваме врз грашокот. Јајцата ги сечеме на кругови. Половина од круговите јајца додаваме во тавата и наросуваме 1 лажица лебни трошки. Магдоносот ситно го сечкаме и половината го наросуваме во тавата. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и мешан зачин К+. Прекриваме со ленти гауда.
  3. По истиот редослед ги редиме и преостанатите состојки освен гаудата. Преостанатите ленти гауда ги сечкаме на ситни коцки и ги ставаме во длабок сад. Ја додаваме киселата павлака и промешуваме. Смесата ја нанесуваме во тавата. Преостанатиот путер го сечкаме на парчиња и го додаваме во тавата. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Мусаката ја сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Швајцарска мусака. Декорираме со ситно сечкани перца од млад кромид.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *