Kolaci-so-afion-i-krem-(2)

Колач Со Афион И Крем

Колачи со афион ни се едни од омилените.

Потребно е:

ЗА ПАНДИШПАН
– 4 јајца
– 400 г шеќер
– 360 г брашно
– 200 мл масло за јадење
– 200 мл млеко
– 100 г мелен афион
– 1 прашок за печиво

ЗА КРЕМ
– 500 мл млеко
– 4 лажици гриз
– 250 г маргарин
– 250 г шеќер во прав
– 1 лимон
– 2 кесички ванилин шеќер

ЗА ПРЛИВ
– 100 г чоколада за готвење
– 1 лажица масло за јадење

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот додаваме половина од шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа со миксерот ги матиме жолчките. Го додаваме преостанатиот шеќер и матиме додека не се растопи.
  2. Во садот ги додаваме маслото, млекото, прашокот за печиво, мелениот афион и брашното, и мешаме со лопатка додека состојките не се соединат. На крајот ги додаваме изматените белки и благо ја промешуваме смесата.
  3. Правоаголната тава бр 32 ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 190 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Почнуваме со подготовка на кремот. Во тенџере на оган ги ставаме млекото, гризот и ванилиниот шеќер, и мешаме со жица. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. На ситната страна од рендето во тенџерето рендаме кора од лимон. Промешуваме и оставаме кремот да се излади.
  5. Во сад за матење ги ставаме маргаринот и шеќерот во прав. Матиме со миксер додека маргаринот не стане пенест. Го додаваме изладениот крем и матиме со миксерот додека не се соедини со изматениот маргарин. Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и го ставаме на послужавник. Горната површина на пандишпанот ја премачкуваме со крем. Го ставаме послужавникот во фрижидер.
  6. Почнуваме со подготовка на преливот. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја ставаме во тенџере на оган. Го додаваме маслото и мешаме со лажица. Откако чоколадата ќе се растопи го нанесуваме праливот на изладениот колач и оставаме да се стегне.
  7. Го сечеме колачот на коцки. На чинија за сервирање ставаме три парчиња колач. Преостанатиот крем го ставаме во слаткарска кеса. Со топчиња крем ги украсуваме парчињата колач и чинијата за сервирање.

 

Декорираме со кругови портокал свиткани во форма на цветови. Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: