- Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме, додаваме масло и во водата ги вариме макароните. Ги ставаме во цедалка и ги плакнеме со ладна вода.
- Конзервираните пиперки, киселите краставички, кашкавалот и круговите шунка ги сечкаме на коцки, и ги ставаме во длабок сад. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја додаваме во садот. Потоа ги додаваме исцедените макарони, ренданиот пармезан, јогуртот, млекото и мајонезот. Со алатка го гмечиме чешнето лук и го додаваме во садот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и ја промешуваме салатата со лажица.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула и ја нанесуваме Салатата од ситни макарони. На два краја на чинијата декорираме со по три шери домати. Врз салатата во форма на тараби редиме листови власец, а во секое празно место ставаме по една цела маслинка.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит