- Чадениот пилешки стек го сечкаме на коцки и го пржиме на загреано масло во тава на оган.
- Откако месото ќе се испржи го додаваме брашното и мешаме со лажица. Во тавата со испрженото брашно ги додаваме млекото и мешаниот зачин К+. Откако сосот ќе ја добие потребната густина на ситната страна од рендето во тавата го рендаме сирењето. Ја додаваме киселата павлака, промешуваме и ја тргаме тавата од оган.
- Зовриената вода во тенџере на оган ја посолуваме и додаваме масло. Во водата ги вариме шпагетите и ги цедиме во цедалка.
- На чинија за сервирање ставаме од исцедените шпагети и ги преливаме со сосот од чаден пилешки стек. Декорираме со листови магдонос и тенки долгнавести парчиња црвена пиперка.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.