Solena-Torta-so-Ajvar-za-web

Солена Торта Со Ајвар

Се надеваме уште не сте го изеле целиот ајвар! :)

Потребно е:

• 5 јајца
• 10 лажици брашно
• 1 кафена лажица прашок за печиво
• 400 мл кисела павлака
• 250 г ајвар
• 200 г кашкавал
• 60 г кромид
• масло за јадење
• Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кората. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Во садот со жолчките додаваме по половина од киселата павлака и ајварот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме брашното, прашокот за печиво и 100 мл масло, и мешаме со лопатка.
  2. Белките ги посолуваме и матиме со миксер додека не ја добијат потребната цврстина. Ги додаваме во подготвената смеса и мешаме со лопатката додека смесата не се соедини.
  3. Ја нанесуваме во тркалезен калап бр 26 обложен со намрсена хартија. Го ставаме калапот во рерна. Печеме 30 минути на 180 степени и го вадиме од рерна.
  4. Почнуваме со подготовка на филот. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја ставаме во длабок сад. Ги додаваме преостанатиот ајвар и павлака. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и мешаме со лопатка додека филот не се соедини.
  5. Изладената кора ја вадиме од калапот и и ја отстрануваме хартијата. Ја сечеме кората на половина.
  6. Првата половина од кората ја ставаме на послужавник и ја премачкуваме со фил. Ја нанесуваме втората половина од кората и ја премачкуваме со преостанатиот фил.
  7. Тортата ја сечеме на парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче Капија торта и го декорираме со кисела павлака. Декорацијата ја дополнуваме со гранчиња француски магдонос, четвртинки шери домати и оригано.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *