Rolat-od-prasecko-i-fil-od-zelencuk-za-web

Ролат Од Прасечко И Фил Од Зеленчук

Вистински рецепт за вистински ручек!

Потребно е:

• 1 прасечка плешка од 2 ½ кг
• 250 г моркови
• 2 јајца
• 250 г свежи шампињони
• 150 г тенки чадени колбаси
• 100 мл бело вино
• 2 кифли
• 1 кисела краставичка
• магдонос
• 1 кесичка прашок за сос за печење
• 2 лажици мешан зачин К+
• 1 лажица сув мајоран
• масло за јадење
• Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. На прасечката плешка и ги отстрануваме коските и ребрата. Месото го засекуваме на повеќе места за да добиеме рамна површина. Посолуваме, и наросуваме мелен црн пипер и 1 лажица мешан зачин К+. Го виткаме месото во ролат и оставаме да ги впие зачините.
  2. Кифлите ги кинеме на парчиња, ги ставаме во длабока чинија и преливаме со вода. Откако ќе омекнат со раце ја истиснуваме водата и ги ставаме исцедените кифли во длабок сад.
  3. Шампињоните ги сечкаме на листови, а колбасите на кругови, и ги додаваме во садот. Половина од морковите ги сечкаме на коцки, а магдоносот ситно го сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме преостанатиот мешан зачин и го промешуваме филот.
  4. Месото го одвиткуваме и на него го нанесуваме филот. Преостанатите моркови и краставичката ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, ги распоредуваме врз филот и го наросуваме мајоранот. Од потесната страна го виткаме филуваното месо во ролат. Зацврстуваме со готварски конец.
  5. Го ставаме ролатот во тава за печење намрсена со масло. Во тенџере со 1 литар вода го размешуваме прашокот за сос за печење и го преливаме ролатот. Преливаме и со виното, ја покриваме тавата со алуминиумска фолија и ја ставаме во рерна. Печеме 3 часа на 200 степени. 15 минути пред крајот на печењето ја отстрануваме фолијата.
  6. Тавата со поруменетиот ролат ја вадиме од рерна. Го отстрануваме конецот и го сечеме ролатот на парчиња. На чинија за сервирање ставаме едно парче ролат. Додаваме претходно испржени кругови компири и декорираме со гранчиња француски магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: