Kroketi-od-piperki-za-web

Крокети Од Пиперки

Интересен начин за подготовка на пиперка!

Потребно е:

• 1 кг зелени и црвени пиперки
• 3 јајца
• 4 лажици брашно
• 200 г лебни трошки
• масло за јадење
• Наша сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Пиперките ги сечкаме на ситни коцки и ги ставаме во длабок сад. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Го додаваме брашното и мешаме со лажица.
  2. Со раце од смесата ги формираме крокетите и ги облепуваме со лебни трошки.
  3. Ги пржиме на поголема количина загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од сите страни ги вадиме крокетите од тавата и ги ставаме на чинија обложена со хартија.
  4. На чинија за сервирање ставаме три Бурса крокети од пиперки. Декорираме со парчиња црвена пиперка и гранчиња свежо нане.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *