- Шницлите ги посолуваме и ги наросуваме со мелен црн пипер. Потоа ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме шницлите од тавата и ги ставаме на чинија.
- Доматите ги лупиме и ги сечкаме на коцки. Чешнињата лук ситно ги сечкаме и кратко ги запржуваме на загреано масло во друга тава на оган. Ги додаваме исечканите домати. Откако ќе се испржат ги додаваме шеќерот и неутралната павлака. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме и ја тргаме тавата со сосот од оган.
- Испржените шницли ги ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло и ги преливаме со сосот од домати. Го наросуваме ренданиот пармезан и го ставаме огноотпорниот сад во рерна. Печеме 1 час на 200 степени и го вадиме од рерна.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со еден лист марула и врз него нанесуваме претходно подготвено пире од компири. Околу пирето скалесто ги сервираме шницлите и ги преливаме со сосот од домати од огноотпорниот сад. Декорираме со гранче копар и кругови ротквичка.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.