Poturen-kokos-biskvit-(6)

Потурен Кокос Кекс

Вкусен колач со кокос и чоколадо.

Потребно е:

ЗА КЕКС
– 3 јајца
– 15 лажици шеќер
– 15 лажици брашно
– 15 лажици млеко
– 15 лажици масло за јадење
– 1 лимон
– 1 ванилин шеќер
– 1 прашок за печиво

ЗА ПРЕЛИВ И НАРОСУВАЊЕ
– 100 г маргарин
– 40 г чоколада за готвење
– 12 лажици шеќер
– 12 лажици вода
– 1 лажица какао
– 100 г кокосово брашно

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кексот. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Потоа ги додаваме маслото, млекото, брашното, ванилиниот шеќер и прашокот за печиво. Мешаме со лопатка додека смесата не се соедини.
  2. На ситната страна од рендето во садот рендаме кора од лимон. Половина лимон цедиме во цедалка, го додаваме лимоновиот сок во садот за матење и промешуваме со лопатката. Правоаголната тава бр 32 ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Во тавата ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме во рерна. Печеме 40 минути на 180 степени и ја вадиме тавата од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на преливот. Во тенџере на оган ја ставаме водата, и ги додаваме шеќерот, маргаринот и какаото. Чоколадата ја кршиме на парчиња и ја додаваме во тенџерето. Откако состојките ќе се растопат го тргаме тенџерето со преливот од оган.
  4. Изладениот колач го сечеме на ромбови и го потураме со преливот од тенџерето. Врз колачот го наросуваме кокосовото брашно. На чинија за сервирање во форма на ѕвезда редиме пет парчиња Потурен кокос кекс. Декорираме со една црвена шеќерна роза и зелени шеќерни листови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: