Pileska-tava-(4)

Пилешка Тава

Копани, два пати варени, со кашкавал преку, прекрасно!

Потребно е:

– 1,5 кг пилешки копани
– 500 г сечкани, маринирани шампињони
– 360 мл кисела павлака
– 200 г кашкавал
– 1 лажица мешан зачин К+
– 1 пилешка коцка за супа
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Во друго тенџере со посолена зовриена вода на оган ги ставаме копаните. Откако ќе се обарат ги вадиме од тенџерето и им ги отстрануваме коските.
  2. Парчињата месо од копаните ги ставаме во огноотпорен сад, намрсен со масло. Врз нив ги нанесуваме шампињоните и ги наросуваме со мешаниот зачин К+. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и попрскуваме со масло.
  3. Во садот ја додаваме киселата павлака и промешуваме со виљушка. Преливаме со 200 мл од супата од коцка и го ставаме садот во рерна. Печеме 45 минути на 210 степени и го вадиме од рерна.
  4. На крупната страна од рендето во садот го рендаме кашкавалот. Го враќаме садот во рерна. Печеме уште 20 минути на 220 степени и го вадиме од рерна.
  5. На чинија за сервирање ставаме од Пилешката тава. Декорираме со две кисели краставички засечени во форма на лепези, кругови домат и три црни маслинки.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: