Savory-Birthday-Roll-(Solen-rodendenski-rolat1)

Солен Роденденски Ролат

Од кора во зелена боја од спанаќот, и превкусен фил од исечканата шунка, ренданото сирење, вареното јајце, павлаката и мајонезот сигурни сме дека нема да ги чекате само родендените за да го подготвите.

Потребно е:

ЗА КОРА
– 5 јајца
– 1 кг исчистен спанаќ
– 4 лажици брашно
– 1 кафена лажица шеќер
– Хималајска сол

ЗА ФИЛ
– 150 г шунка
– 100 г сирење
– 1 варено јајце
– 200 мл кисела павлака
– 1 лажица мајонез
– црн пипер

ЗА ПРЕМАЧКУВАЊЕ
– 400 мл кисела павлака

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на кората. Во тенџере со зовриена вода на оган го обаруваме спанаќот. Го цедиме во цедалка и го миксаме во блендер. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер.
  2. Во садот со изматените белки го додаваме шеќерот и посолуваме. Потоа ги додаваме жолчките, брашното и измиксаниот спанаќ, и мешаме со жица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во тава од рерна, обложена со хартија. Тавата за печење ја ставаме во рерна. Печеме 20 – тина минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Шунката ситно ја сечкаме и ја ставаме во длабок сад. На крупната страна од рендето во садот ги рендаме вареното јајце и сирењето. Ги додаваме киселата павлака и мајонезот. Наросуваме мелен црн пипер и го мешаме филот со лажица.
  4. Изладената кора заедно со хартијата ја вадиме од тавата и ја превртуваме на работна маса. Ја отстрануваме хартијата, ја премачкуваме кората со подготвениот фил и виткаме ролат. Го свиткуваме во алуминиумска фолија и оставаме да се лади еден час во фрижидер.
  5. Изладениот ролат го одвиткуваме од фолијата и го премачкуваме со павлака. Врз павлаката во форма на гранка декорираме со кечап. Дополнуваме со гранчиња француски магдонос и парчиња црвена пиперка. Декорацијата ја завршуваме со кругови зелени маслинки полнети со пиперки од едната страна на гранката. Го сечеме ролатот на парчиња и скалесто ги редиме на чинијата за сервирање.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *