- Доматите ги лупиме, ги сечкаме на коцки и ги ставаме во длабок сад. Пиперките ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, а главиците кромид на кругови и ги додаваме во садот. Компирите ги сечкаме на коцки, а магдоносот ситно го сечкаме, па и нив ги додаваме во садот. Посолуваме и го промешуваме зеленчукот.
- Месото го сечкаме на коцки, посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги промешуваме парчињата месо за да ги впијат зачините. Половина лимон цедиме во цедалка и го ставаме лимоновиот сок во помал длабок сад. Ги додаваме виното, црвениот пипер, лукот во прав и брашното, и мешаме со жица.
- Во керамичкото грне, намрсено со маслиново масло ставаме 1/3 од исечканиот зеленчук. Врз него нанесуваме половина од парчињата месо. Посолуваме, наросуваме со мелен бел бибер и прекриваме со зеленчук. Ги додаваме преостанатите парчиња месо и прекриваме со преостанатиот зеленчук. Посолуваме и наросуваме со мелен бел бибер.
- Потоа содржината во грнето ја преливаме со виното со брашно, лимонов сок и зачини. Го покриваме грнето со капак и го ставаме во рерна. Печеме 2 часа и 30 минути на 220 степени и го вадиме грнето од рерна.
- Го отвораме капакот и од Телешкото во грне ставаме на чинија за сервирање. Декорираме со гранчиња магдонос и босилек.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит