Pita-so-praz-i-pecurki-(1)

Пита Со Праз И Печурки

Одлична пита со одлични состојки!

Потребно е:

– 500 г кори за пита
– 500 г праз
– 500 г свежи шампињони
– 200 г сирење
– 4 јајца
– 400 мл газирана вода
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Празот го сечкаме на парчиња и го пржиме на загреано масло во тава на оган. И шампињоните ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тавата со омекнатиот праз. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Откако и шампињоните ќе се испржат ја тргаме тавата од оган.
  2. Во длабок сад со виљушка го дробиме сирењето. Кршиме две јајца, ги додаваме во садот и мешаме со виљушката. Го додаваме сирењето со јајца во тавата и го промешуваме филот.
  3. Правоаголната тава за печење бр 38 со готварска четка ја намрсуваме со масло. Во тавата една врз друга редиме една четвртина од корите, оставајќи краевите да висат надвор од тавата. Врз корите нанесуваме од подготвениот фил. Истата постапка на редење ја повторуваме додека не ги потрошиме сите кори и целиот фил. Ја прекриваме питата со краевите на корите и ја сечеме на коцки.
  4. Во длабок сад ги кршиме преостанатите две јајца, посолуваме и матиме со жица. Ја додаваме газираната вода и промешуваме. Со размешаните јајца ја преливаме питата и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
  5. Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови марула. Сервираме четири парчиња Пита со праз и печурки, и декорираме со три шери домати.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *