- Шампињоните ги сечкаме на листови и ги пржиме на загреано масло во тенџере на оган. Посолуваме, наросуваме мелен црн пипер и го додаваме мешаниот зачин К+. Откако течноста ќе испари го тргаме тенџерето од оган.
- Во сад за матење со миксер ги матиме кајмакот и парчињата топено сирење додека смесата не се соедини.
- Обландите ги сечеме на половина по широчина. Со смесата од кајмак и топено сирење од шарената страна премачкуваме четири парчиња обланди.
- На правата премачкана обланда ги нанесуваме испржените шампињони. Врз нив ја ставаме втората премачкана обланда. Круговите шунка ги сечкаме на ситни коцки и ги нанесуваме на обланадата.
- Ја ставаме третата обланда и на ситната страна од рендето врз неа ги рендаме варените јајца. Ја ставаме четвртата обланда и на ситната страна од рендето врз неа го рендаме кашкавалот. Прекриваме со петтата нефилувана обланда.
- Во садот со преостанатата смеса од кајмак и топено сирење го додаваме мајонезот, и промешуваме. Со смесата ја премачкуваме последната обланда. Кикиритките ги миксаме во блендер, ја наросуваме тортата и ја ставаме во фрижидер.
- Изладената и стегната торта ја вадиме од фрижидер, и ја сечеме на коцки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Солена торта со четири фила. Декорираме со кисела павлака, половинки шери домати и гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.