Pica-na-kineski-nacin-za-web

Пица На Кинески Начин

Пица со тесто од ориз! Малку поразлично, но истовремено многу вкусно! Можете да ставите на тестото што сакате, ние се одлучивме за класика!

Потребно е:

• 300 г ориз
• 250 г кругови шунка
• 250 г кашкавал
• 250 г сечкани маринирани шампињони
• 100 г зелени маслинки полнети со пиперки
• 100 г рендан пармезан
• 80 г кромид
• 2 јајца
• 6 конзервирани феферонки
• 4 лажици кечап
• 1 лажица песто сос
• Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган го вариме оризот и го цедиме во цедалка. Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја ставаме во длабок сад. Јајцата ги кршиме и ги додаваме во садот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме пармезанот и исцедениот ориз, и мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја нанесуваме во тава од рерна обложена со хартија. Во длабока чинија ги мешаме кечапот и песто сосот, и ја премачкуваме кората од ориз. Круговите шунка ги сечкаме на тенки долгнавести парчиња, а маслинките и феферонките на тенки кругови, и ги нанесуваме на кората. Потоа ги нанесуваме шампињоните. На крупната страна од рендето врз кората го рендаме кашкавалот.
  3. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна.
  4. Ја сечеме пицата на четвртинки. На чинија за сервирање ставаме едно парче Пица на кинески начин и декорираме со кечап.

 

Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *