- Во блендер ги ставаме чешнињата лук, гранчињата мајчина душичка и копар, и листовите рузмарин. Додаваме 4 лажици маслиново масло и ги миксаме зачинските билки.
- На крупната страна од рендето во длабок сад ги рендаме компирите. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Го додаваме мешаниот зачин К+ и промешуваме.
- Хартијата во тава за печење ја попрскуваме со маслиново масло. Потоа на две места во тавата ставаме од зачинетите рендани компири. Врз нив ги нанесуваме половинките орада. Ги прекриваме со преостанатите рендани компири, формирајќи ја обвивката.
- Врз компирите ненесуваме од миксаните зачински билки. Шери доматите ги сечеме на половина и ги редиме околу парчињата риба во обвивката. По една половинка шери домат ставаме на секоја риба. Ја ставаме тавата во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
На чинија за сервирање ставаме едно парче Орада во обвивка од компири. Декорираме со декоративно засечен лимон. Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино.
Добар апетит.