- Во длабок сад го ставаме брашното и го посолуваме. Ги додаваме шеќерот и едно јајце. Квасецот го рониме со рака и го додаваме во садот. Потоа постепено го додаваме млекото и со рака замесуваме тесто. Оставаме да стасува 30-тина минути на топло место.
- На крупната страна од рендето во длабок сад го рендаме кашкавалот. Круговите шунка и шампињоните ситно ги сечкаме, и ги додаваме во садот. Преостанатото јајце го кршиме и ја делиме белката од жолчката. Ја додаваме белката во длабокиот сад. Потоа го додаваме кечапот и го промешуваме филот.
- На набрашнета работна маса го размесуваме стасаното тесто. Го делиме на 20 еднакви делови и формираме топчиња. Од првото топче тесто со сукалка развлекуваме елипсеста кора. Едниот крај на кората го засекуваме на повеќе места. На средината нанесуваме од филот и од незасечениот крај на кората почнуваме да ја виткаме кифлата.
- На истиот начин ги формираме сите кифли. Ги редиме во тава за печење, обложена со хартија. Преостанатата жолчка ја матиме со виљушка и со готварска четка ги премачкуваме кифлите. Ги наросуваме со сусамот и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 30 минути на 190 степени и ја вадиме од рерна.
- Од Пица кифлите редиме на чинија за сервирање.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.