- Крапот го сечеме на 6 парчиња. Ги посолуваме парчињата крап од двете страни и ги оставаме на чинија да ја впијат солта. Главиците кромид ги сечкаме на тенки резанки и ги пржиме на загреано масло во тава на оган. Откако кромидот ќе омекне додаваме ½ лажица црвен пипер и мешаме со лажица за да не загори. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме половина од мешаниот зачин К+ и промешуваме.
- Испржениот кромид го ставаме во правоаголна тава за печење, намрсена со масло. Го додаваме оризот и промешуваме со лажицата. Со кромидот со ориз го прекриваме дното на тавата. Копарот ситно го сечкаме и го наросуваме во тавата. Потоа врз кромидот од посолените парчиња го формираме крапот. На загреано масло во тенџере на оган го пржиме брашното и мешаме со лажица. Во тенџерето со испрженото брашно го додаваме преостанатиот црвен пипер и промешуваме. Потоа ги додаваме водата и преостанатиот мешан зачин. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер.
- Откако запршката ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган. Со црпалка со запршката го преливаме крапот во тавата за печење. Го попрскуваме со масло и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 45 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
- На чинија за сервирање го ставаме испечениот крап. Со алатка за сладолед до него сервираме топчиња од кромидот со ориз и копар. Декорираме со листови ендивија, две декоративно засечени половинки лимон и цветови од морков.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.