Vinski-gulas

Вински Гулаш

Гулаш како гулаш ќе си помислат многумина, кој не го подготвил и кој не знае да го направи. Но секој готвач или домаќинка си крие своја мала тајна. Овој, наместо само со месо и кромид, е и со кришки компири, а колку 200 мл црвено вино можат да го подобрат вкусот мора да пробате за да знаете за друг пат.

Потребно е:

– 500 г јунешка кртина
– 250 г кромид
– 400 г лупени компири
– 60 г доматно пире
– 1 лажица црвен пипер
– 3 ловорови листови
– 200 мл црвено вино
– масло за јадење
– Хималајска сол и црн пипер

Подготовка:

  1. Ситно сечкаме две главици кромид, а третата главица ја сечкаме на тенки полукругови. Го пржиме исечканиот кромид на загреано масло во тенџере на оган. Месото го сечкаме на коцки и го додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид.
  2. Откако и месото ќе се запржи посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Ги додаваме ловоровите листови, црвениот пипер, доматното пире и еден литар вода. Промешуваме, го покриваме тенџерето со капак и вариме 50-тина минути на умерен оган.
  3. Компирите ги сечкаме на кришки и ги додаваме во тенџерето. Го налеваме виното, вариме уште 30-тина минути и го тргаме тенџерето од оган. На чинија за сервирање ставаме од Винскиот гулаш и декорираме со гранче магдонос.

 

Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: