- Во зовриена вода во тенџере на оган го вариме пилешкото бело месо. Го вадиме од тенџерето, го ставаме на чинија и го сечкаме на коцки. Марулата ја сечкаме на парчиња, а маринираните шампињони ситно ги сечкаме и ги ставаме во длабок сад.
- На крупната страна од рендето во садот го рендаме коренот од целер. Кикиритките ги ставаме во блендер, покрупно ги миксаме и ги додаваме во садот. Пиперката и киселите краставички ги сечкаме на коцки, па и нив ги додаваме во садот. Потоа ги додаваме коцките пилешко, киселата павлака и мајонезот. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме три лажици масло и ја промешуваме салатата со лажица.
- Чинијата за сервирање ја украсуваме со четири листови црвена марула и ја нанесуваме Салатата со пилешко. Декорираме со две декоративно засечени половинки лимон и засечени четвртинки јаболко.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.