- Јаболката ги лупиме и на крупната страна од рендето ги рендаме во длабок сад. Во сад за матење ги кршиме јајцата и ги матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме гризот, ванилиниот шеќер, прашокот за печиво, ренданите јаболка и мелените ореви, и мешаме со лопатка додека смесата не се соедини.
- Тркалезната тава бр 26 со готварска четка ја намрсуваме со масло и ја набрашнуваме. Ја нанесуваме подготвената смеса и ја ставаме тавата во рерна. Печеме 40 минути на 200 степени и ја вадиме од рарна.
- Изладениот колач го сечеме на ромбови. Почнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган ги ставаме шеќерот и водата, и откако шербетот ќе зоврие го тргаме тенџерето од оган.
- Со црпалка со врелиот шербет го преливаме изладениот колач, и оставаме да го впие шербетот и да се излади. На чинија за сервирање ставаме четири парчиња Јаболкова раванија. Декорираме со цвет и кругови лимон, една зашеќерена цреша и листови мента.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит.