Corba-od-pecurki-(4)

Крем Чорба Од Печурки

Одлична идеја како и без месо да направите вкусна чорба во овие студени зимски денови. Печурките содржат протеини и влакна, па долго време ќе Ве одруваат сити. Истовремено се богати со голем број витамини, така што ги исполнуваат сите критериуми за здрава храна.

Потребно е:

– 300 г свежи буковки
– 200 г свежи шампињони
– 200 г лупени компири
– 100 г кромид
– 300 мл неутрална павлака
– 70 г путер
– 1 зеленчукова коцка за супа
– 1 ловоров лист
– 1 лажица мешан зачин К+
– ½ кафена лажица сув тимијан
– ¼ кафена лажица чили во прав

Подготовка:

  1. Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Главицата кромид покрупно ја сечкаме и ја пржиме на растопениот путер во друго тенџере на оган. Буковките и шампињоните ги сечкаме на парчиња, а компирите на коцки. Ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид.
  2. Откако ќе се запржат ги додаваме чилито, тимијанот, ловоровиот лист, супата од коцка, неутралната павлака и мешаниот зачин К+. Го покриваме тенџерето со капак. Вариме 30-тина минути, го тргаме од оган и го миксаме зеленчукот со блендер.
  3. Крем чорбата од печурки ја сервираме во чорбалак.

 

Декорираме со гранчиња француски магдонос и попрскуваме со маслиново масло. Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *