Torta-od-urmi-(2)

Торта Од Урми

Прекрасна торта со превкусните урми!

Потребно е:

– 12 јајца

ЗА ПАНДИШПАНИ
– 12 лажици шеќер
– 3 лажици брашно
– 100 г сечкани урми
– 100 г мелени ореви
– 100 г сечкани ореви
– 50 г чоколада за готвење
– 1 лимон

ЗА ФИЛ
– 250 г путер
– 250 г шеќер во прав

ЗА УКРАСУВАЊЕ
– 2 кесички прашок за шлаг
– 150 мл млеко
– сина прехранбена боја

Подготовка:

  1. Почнуваме со подготовка на пандишпаните. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги матиме белките со миксер. Во садот го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Потоа ги додаваме сечканите ореви, мелените ореви, сечканите урми и брашното. На ситната страна од рендето во садот ги рендаме кората од лимон и чоколадата. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини.
  2. Ја распоредуваме во два тркалезни калапа и една тркалезна тава бр 24, обложени со хартија. Ги ставаме калапите и тавата во рерна. Печеме 25 минути на 200 степени и ги вадиме од рерна.
  3. Почнуваме со подготовка на филот. Садот со 12 жолчки, преостанати од пандишпаните, го ставаме на пареа. Го додаваме шеќерот во прав и матиме со миксер. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го исклучуваме миксерот и го тргаме садот од оган. Оставаме кремот да се излади. Во сад за матење со миксер го матиме путерот додека не стане пенест. Го додаваме изладениот крем од жолчки и матиме со миксерот додека филот не се соедини. Изладените пандишпани ги вадиме од калапите и тавата, и им ги отстрануваме хартиите.
  4. На чинија за торта го ставаме првиот пандишпан и го премачкуваме со фил. Врз филот го ставаме вториот пандишпан и го филуваме. Прекриваме со третиот пандишпан и целата торта ја премачкуваме со преостанатиот фил. Во сад за матење ги ставаме прашокот за шлаг и млекото. Матиме со миксер и во садот додаваме од сината прехранбена боја. Откако шлагот ќе ја добие потребната цврстина го исклучуваме миксерот. Го ставаме во слаткарска кеса, и ги украсуваме страничниот дел и горната површина на тортата. Декорираме со 5 бели шеќерни цветови.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: