- Цвеклото го сечкаме на коцки и го ставаме во длабок сад. Оревите ги миксаме во блендер и ги додаваме во садот. Празот ситно го сечкаме, па и него го додаваме во садот. Потоа ги додаваме киселата павлака и урдата.
- На крупната страна од рендето во садот ги рендаме варените компири. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Додаваме масло и ја мешаме салатата со лажица.
- На чинија за сервирање во форма на куп нанесуваме од Салатата со цвекло. Декорираме со тенки парчиња жолта конзервирана пиперка и гранчиња француски магдонос.
Со ова предјадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит