- Во тенџере со зовриена вода на оган ја ставаме коцката да се вари супа. Кременадлите ги посолуваме, ги наросуваме со мелен црн пипер и ги толчиме со чук. Ги пржиме на растопениот путер во тенџере на оган. Откако ќе поруменат од двете страни ги вадиме кременадлите од тенџерето и ги ставаме на чинија.
- Главицата кромид ситно ја сечкаме и ја пржиме на преостанатата мрснотија во тенџерето на оган. Краставичките ги сечкаме на парчиња и ги додаваме во тенџерето со омекнатиот кромид. Потоа ги додаваме брашното, буковата сол, виното, доматното пире и супа од коцка. Со алатка го гмечиме чешнето лук и го додаваме во тенџерето.
- Промешуваме и во тенџерето ги враќаме испржените кременадли. Динстаме 20-тина минути и го тргаме тенџерето од оган.
- На едната страна на чинија за сервирање со готварска кеса нанесуваме претходно подготвено пире од компири. На другата страна на чинијата скалесто ги сервираме кременадлите и ги преливаме со пикантниот сос од тенџерето. Декорираме со гранчиња копар и листови рукола.
Со ова јадење ви предлагаме да се напиете квалитетно суво црвено вино. Се служи на температура од 18-20 степени.
Добар апетит.