Nina-torta-za-web

Нина Торта

Се прави за само 30 минути и одлична е! За некоја Нина во Вашиот живот би била одлична, но и да ја немате, замислете дека за некои 30 минути Вие можете да једете торта која самите сте ја направиле. Нема поголема мотивација!

Потребно е:

• 400 г пишкоти
• 6 јајца
• 300 мл слатка павлака
• 250 г шеќер во прав
• 250 г путер
• 150 г мелени бадеми
• 50 мл коњак

Подготовка:

  1. Во сад за матење со миксер ги матиме путерот и шеќерот во прав додека путерот не стане пенест. Јајцата ги кршиме и ги делиме белките од жолчките. Ги додаваме жолчките во садот за матење и повторно матиме со миксерот. Откако смесата ќе се соедини ги додаваме бадемите, коњакот и 150 мл слатка павлака, и матиме додека филот не се соедини.
  2. 20-тина пишкоти сечеме на половина. На чинија за торта ставаме обрач од тркалезен калап бр 22. На чинија редиме цели пишкоти, а по ѕидот на обрачот половинки пишкоти. Потоа во обрачот го нанесуваме филот. Ја ставаме чинијата во фрижидер. Откако тортата ќе се излади ја вадиме чинијата од фрижидер и го отстрануваме обрачот.
  3. Средината на тортата ја декорираме со половинки пишкоти украсени со растопена чоколада. Во сад за матење со миксер ја матиме преостанатата слатка павлака додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и со топчиња шлаг ја дополнуваме декорацијата на горната површина и на страничниот дел на тортата.

 

Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.

Добар апетит.

Погледнете го видеото!

One Response

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Слични рецепти: